СЕ ЗАСИЛУВААТ ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ МИА ЗА КРАТЕЊЕ НА ЧЕРГАТА Синдикатот на државната новинска агенција најавува „сериозни мерки на одбрана“

162

Сојузот на синдикати на Македонија, во кој членува и Синдикатот на Медиумски информативнии агенции (СМИА), предупредува на опасноста од оневозможување на информирање на јавноста поради барањето на Владата за кратење на средства од Буџетот на МИА. Владата треба да е свесна на тоа какви последици може да има доколку пакетот мерки за штедење ја ограничи МИА во нејзината дејност, а тоа е информирање на јавноста, велат од ССМ.

– Веќе втора недела продолжуваат притисоците за кратење на Буџетот на МИА, иако репрезентативниот синдикат испрати писмо до премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и до Генералниот секретар на Владата дека мерките коишто ги предлагаат ќе се рефлектираат негативно врз нормалното функционирање на Агенцијата, а со тоа ќе се намали и информирањето на граѓаните – потсетуваат од ССМ на реакцијата на СМИА.






Сојузот на синдикатите на Македонија предупредуваше дека ќе се кратат платите на работниците и еве тоа е случај со работниците во МИА, иако владините функционери повторуваа дека такво нешто нема да се случи.

– Доколку се продолжи со ваквото системско оневозможување на работата на единствената државна агенција, која во моментов е стожер на вистината и транспарентното известување на кое се потпираат граѓаните, Синдикатот на МИА ќе преземе сериозни мерки во одбрана на скоро 25-годишниот труд којшто го вложија вработените во Агенцијата за да го достигне овој, и според Европската комисија, позитивен пример во медиумскиот простор – се наведува во реакцијата на СМИА.

Поврзани содржини