СЕ ЗАСИЛУВА ПОЖАРОТ КАЈ БОГДАНЦИ Два авиони „ер трактор“ го гаснат огнот

Од ЦУК посочуваат дека авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а во гаснењето на пожарот ќе се приклучи и еден хеликоптер на МВР.

172

Се засили пожарот кај Богданци што избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК посочуваат дека авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а во гаснењето на пожарот ќе се приклучи и еден хеликоптер на МВР.






Покрај авионите „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето учествуваат и пожарникари од Гевгелија и Валандово, екипи на подружниците на „Национални шуми“ и општинското комунално претпријатие од Богданци.

Пожарот избувнал во нискостеблеста шума и сува трева и брзо се проширил на поголема површина.

 

Поврзани содржини