Се заразуваат и вакцинираните, ама многу полесно поминуваат

Знаеме дека постојат случаи на зараза и кај вакцинирани луѓе, но кај тие луѓе обликот на болеста е многу благ - вели д-р Адамс.

838

Вакцините против ковид-19 делуваат, но тоа не значи дека вакцинираните не можат да се заразат, предупредува д-р Лиса Адамс, деканка на Универзитетот Дармут.

Таа вели дека вакцините се многу ефикасни во спречувањето на сериозни симптоми, но ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна.






– Знаеме дека постојат случаи на зараза и кај вакцинирани луѓе, но кај тие луѓе обликот на болеста е многу благ – вели д-р Адамс.

Д-р Пол Офит, директор на Детска болница во САД, пак, тврди дека вакцините спречуваат хоспитализација и смртен исход.

– Новите податоци говорат за голем процент на смртен исход кај луѓето што не се вакцинирани. Од 157 милиони вакцинирани луѓе има само 733 случаи на заразени со ковид-19. Околу 75 отсто од новите инфекции се појавиле кај луѓе постари од 65 години. Целта на вакцините е да ве заштити од болничко лекување и смртен исход. Не е страшно ако имате блага инфекција – вели д-р Офит.

Според податоците, инфекцијата е блага и често без симптом. Ако станува збор за делта-сојот, се појавува течење на носот и главоболка.

Некои луѓе пријавиле течење нос, иритација на очите, умор, губење на осетот за мирис и вкус, но сите исчезнале за една недела. Други пријавиле опстипација и главоболка.

Поврзани содржини