Вработена во Kлиниката за онкологија, е заразена со коронавирусот, објави ТВ 24 повикуваји се на изјава на директорот Нино Васев кој ја добил информацијата од семејството на заразената. Пациентката е хоспитализирана е во општата болница „8 септември“ и според информациите на ТВ 24 се наоѓа на кислородна поддршка.
Заболената, според Васев работела како транспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од клиниката за онкологија.
Васев тврди дека пациентката со ковид-19 10 дена не доаѓала на работа со оглед на тоа дека на онкологија работат во групи.