СЕ ЗАРАЗИЛА ОД РИБИНО МЕСО, Ѝ ГИ АМПУТИРАЛЕ ДВЕТЕ РАЦЕ И ДВЕТЕ НОЗЕ Ужасна животна драма во Сан Хозе, Калифорнија
Во четвртокот на Лаура Барахас (40) ѝ била извршена операција која ѝ го спасила животот по неколку месеци поминати во кома.
На жена од Калифорнија ѝ биле ампутирани сите четири екстремитети, за да биде спасена од опасно труење кое го добила откако јадела риба заразена со смртоносна бактерија, пишува Њујорк пост.
Во четвртокот на Лаура Барахас (40) ѝ била извршена операција која ѝ го спасила животот по неколку месеци поминати во болница.
Нејзините пријатели велат дека таа се разболела неколку дена откако јадела риба што ја купила на локалниот пазар во Сан Хозе и ја приготвила за себе дома. Според подоцнежните анализи рибата била заразена со смртоносна бактерија vibrio vulnificus која може да се најде во суровата морска храна и во морската вода.
– Ја ставија во медицински индуцирана кома. Нејзините прсти беа црни, стапалата црни, долната усна црна. Имаше целосна сепса, а бубрезите ѝ откажуваа. Беше на вентилатор. За малку ќе го загубеше животот. На сите ни е многу тешко. Ова е ужасно. Ова може да му се случи на секој од нас – изјавила Ана Месина, пријателка на Лаура Барахас
Таа започна кампања на интернет за да ѝ помогне на пријателката околу медицинските трошоци и нејзиното прилагодување на нејзиниот нов живот. Досега се собрани околу 40.000 долари.