Се зарази лекар од штипската Итна помош, шестмина колеги во изолација

513

Еден лекар од Брзата помош во Штип е позитивен на коронавирусот, а шестмина негови колеги од денеска се ставени во самоизолација.

– Сите контакти се дадени на епидемиолозите и се контактираат, а по предлог на епидемиолошката служба сите контакти со висок ризик ќе бидат ставени во домашна изолација и под здравствен надзор. Утрово го добивме резултатот на колегата, а инаку од недела не е на работа, ниту тој, ниту колегите кои биле со него – рече денеска директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ – Штип, Снежана Трајковска, на прес-конференција.






Таа додава дека нема да имаат проблем со работата, бидејќи имаат вкупно осум тима во Брзата помош во Штип.

Поврзани содржини