Ријалити ѕвездата и инфлуенсерка им испрати важна порака на сите, зошто мора редовно да одите на контрола, а доколку го воочите ова на кожата тоа треба да го направите веднаш.
Британската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Моли Меј Хејг, која глуми во шоуто „Остров на љубовта“, неодамна открила дека имала бенка на кожата.
Всушност, бенката на нејзината нога ја воочила нејзината мајка, и тоа додека Моли била во емисијата, којашто ја советувала веднаш да оди на доктор, а набрзо пристигнале лошите вести. Докторот по телефон ѝ ги соопштил дека Моли има рак на кожата – меланом, и тоа додека таа била на службено патување во Италија.
– Одев со рак на кожата на ногата. Знаев дека е тука, но не знаев дека може да ме убие. На сите им препорачувам да ги прегледуваат своите бенки, задолжително да ги прегледуваат – порачала инфлуенсерката.
Нејзината исповед погледнете ја во видеото:
View this post on Instagram
Sunday☕️ Shop my @lookfantastic look and use my code MOLLYMAELF for 20% off! *exclusions apply #ad