СЕ ЗАПАЛИЛА ДУВАЈЌИ ГИ РОДЕНДЕНСКИТЕ СВЕЌИ Ќерката на Лајонел Ричи доживеа несреќа (ВИДЕО)

1,271

Никол Ричи, ќерка на пејачот Лајонел Ричи, го прослави својот 40-ти роденден. Таа објави видео од прославата на Инстаграм.

Во видеото, Никол ги дува свеќите на роденденската торта. Во еден момент пламенот од свеќите ѝ ја зафатил косата. Никол не ни забележала дека со косата премногу им се приближила на свеќите, кои потоа ги запалиле нејзините прамени.






Сите околу неа почнале да врескаат, а кога огнот зафатил поголем дел од нејзината коса, снимката е стопирана. Штом гостите виделе дека на Никол ѝ гори косата, почнале да ја „плескаат“ со рацете за да го изгаснат пламенот.

Никол се исплашила и почнала да вреска.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини