СЕ ЗАПАЛИЛ АВТОМОБИЛОТ НА ГЕНЕРАЛОТ ЃУРЧИНОВСКИ Инцидентот се случил на автопатот кај Приштина, возачот го изгаснал пожарот

Во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето, пожарот е изгаснат за многу кратко време, информираше портпаролот на Генералштабот, полковник Тони Јаневски.

1,271

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал, информираше началникот на Канцеларијата за односи со јавност и портпарол на Генералштабот, полковник Тони Јаневски.

„Во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето, пожарот е изгаснат за многу кратко време. Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето е транспортирано во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини