Се запали возило во движење, нема повредени

299

Нема повредени лица во пожарот што избувнал утринава околу 9 часот во возило во движење на стариот пат Тетово-Скопје.

– Утрово во 8 часот и 55 минути во СВР Тетово е пријавено дека на стариот пат Тетово-Скопје се самозапалило во движење возило марка „мерцедес“. Возилото е сопственост на фирма од Тетово, а во пожарот за среќа нема повредени луѓе. Оштетен е предниот дел од возилото – информираше тетовската полиција.






На пожарот интервенирале и припадници на тетовската територијална противпожарна единица кои за кратко време го локализирале и изгасиле огнот.

Поврзани содржини