🎥📷 СЕ ЗАПАЛИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ШИБЕНИК Пожарникарите извлекуваа луѓе од лифтот
Нема повредени во пожарот, а две лица се заглавиле во лифтот поради прекин на струја, но пожарникарите успешно ги извлекле.
Во Шибеник на хрватското приморје, околу пладне избувна пожар во трговскиот центар Далмара. Пожарникарите се на терен, а трговскиот центар е евакуиран, информира Индекс.хр
Пожарникарите нешто пред 13 часот успеале да го стават пожарот под контрола.
„Пожарот избувна на противпожарните скали. Пожарникарите се на терен, а интервенцијата е при крај“ – известија надлежните служби.
Пожарот го зафатил и покривот на трговскиот центар. Повредени нема, а две лица се заглавиле во лифтот поради прекин на струја, но пожарникарите успешно ги извлекле, објави Шибенски.хр.
Без струја останаа сите околни згради, вклучително и Радио Шибеник, чија редакција се наоѓа во близина.