СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО СКОПЈЕ, СЕДУММИНА ВДИШАЛЕ ЧАД Пожарот е изгаснат, спречена поголема трагедија

Пожарот избувнал попладнево во стан на улица Кочо Рацин, противпожарните служби го изгаснале за кратко време.

354

Седум лица се здобиле со труење од чад во пожар кој денеска околу 16:30 часот избувнал во стан во зграда на улицата Кочо Рацин во центарот на Скопје. Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада на град Скопје, огнот бил целосно изгаснат.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски, изјави дека повредените веднаш добиле медицинска помош.






– Има седум лица кои вдишале чад. Веднаш беа повикани медицински екипи и пружена им е помош. Пожарот е локализиран и изгаснат за кратко време – изјави Томевски за медиумите.

Во интервенцијата учествувале две противпожарни возила, а поради проширениот пожар, вклучено било и трето возило.

Во моментов, екипите на Министерството за внатрешни работи работат на терен за да ги утврдат причините за настанување на пожарот.

Поврзани содржини