СЕ ЗАПАЛИ ЛОКОМОТИВА ВО ГЕВГЕЛИЈА Пожарникарите го спречиле пожарот на железничката станица

Пожарникарите од Гевгелија со едно ПП возило и со двајца пожарникари гаселе запалено влечно возило, локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија.

338

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие бил евидентиран еден пожар на отворено вчера во Охрид, а во Гевгелија синоќа имало еден невообичаен пожар на железничката станица во Гевгелија.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 11.10 часот до 12.10 часот, со двајца пожарникари и со едно ПП возило, гаселе запалено стрниште во село Рамне.






Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, со едно ПП возило и со двајца пожарникари од 00.30 часот до 01.07 часот, имале интервенција за гаснење на запалено влечно возило, локомотива од воз, на железничката станица во Гевгелија, при што нема повредени лица.

Пожарот е целосно изгаснат. Штетата дополнително ќе се утврдува, појаснуваат од ЦУК.

Поврзани содржини