На официјалната Фејсбук страница на Општина Росоман денеска се појавија фотографии од пожар кој избувнал во семејна куќа во ова населено место.
За среќа, како што е наведено во текстот, пожарникарите од Кавадарци и од Неготино брзо реагирале и успеале да го спречат проширувањето на огнор кон соседните куќи.
„Денеска во Росоман избувна пожар. Од засега неутврдени причини се запали семејна куќа. Општина Росоман се заблагодарува на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, но и на противпожарната единица од Неготино. Навремената и брза интервенција спречи проширување на огнот кон соседните куќи и поголема катастрофа. Воедно им благодариме и на граѓаните кои им помагаа на пожарникарите и искажаа општествена одговорност“, стои во објавата на Општина Росоман.
Во продолжение погледнете ги фотографиите: