СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА „КОШИШТА“ Нема повредени, а причината за пожарот се истражува

Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина.

146

Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“.

За пожарот во 00.35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари.






Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина.

Освен настанатата материјална штета нема повредени лице во пожарот.

Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата.

Поврзани содржини