📽 СЕ ЗАПАЛИ КАПАЛИ ЧАРШИЈА ВО ИСТАНБУЛ Пожарот го зафати покривот на популарната туристичка дестинација

Бројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.

363

 

Синоќа околу 23 часот избил голем пожар во популарната Капали чаршија во Истанбул. Според турските медиуми, пожарот го зафатил покривот на Капали чаршија, еден од најголемите и најстарите базари во светот популарен кај туристите.






Пожарот наводно од непозната причина избувнал синоќа околу 23:00 часот по локално време на покривот на пазарот во областа Султанахмет во центарот на градот.

Бројните пожарникари кои пристигнале на местото на настанот успеале да го стават пожарот под контрола, изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.

Капали чаршија во Истанбул работи од 15 век. Базарот или чаршијата има вкупна површина од 30.700 метри квадратни и дневно го посетуваат околу 400.000 луѓе.

Поврзани содржини