Се запали градски автобус кај комплексот банки во Скопје

Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено - рече Владимир Симоновски од Противпожарната бригада.

340

Во центарот на Скопје, кај комплексот банки, попладнево се запали автобусот на ЈСП. Повредени нема, а пожарот веќе е изгаснат.

Како што потврди за МИА Владимир Симоновски од Противпожарната бригада, причината за пожарот е запалување на моторот на автобусот.






– Причина за пожарот најверојатно е моторот на автобусот, можно е да станува збор за истекување на нафта. Противпожарната екипа интервенираше во гаснење на пожарот и сега е завршено – рече Симоновски.

И од МВР потврдија дека „причината за пожарот е моторот“ и дека тој веќе е изгаснат.

Поврзани содржини