СЕ ЗАПАЛИ „ФОРД“ ПРИ СУДАР, ШЕСТОДИШНО ДЕТЕ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Тешка сообраќајка во близина на Осломеј

На крстосницата помеѓу регионалниот пат за Осломеј и улицата Загорје се судрија два автомобили, при што едното се запали, а едно дете заврши со тешки повреди, објави МВР.

0

Сообраќајка во Кичево: Форд се запали, шестгодишно дете тешко повредено

Поднаслов:






Вчера околу 17:10 часот, во Кичево се случи сериозна сообраќајна несреќа. На крстосницата помеѓу регионалниот пат за село Осломеј и улицата Загорје се судрија патничко возило „форд“ и „ауди“, при што „фордот“ се запали.

На местото на настанот интервенираа пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кичево и го изгаснаа пожарот.

Во несреќата тешки телесни повреди претрпе шестгодишна сопатничка од село Зајас, додека возачот на „фордот“ доби полесни повреди. Повредените се пренесени и згрижени во Медицинскиот центар Кичево.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и продолжува со истражување на причините за сударот.

 

Поврзани содржини