СЕ ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛОТ НА КОМАНДИР ВО „ИДРИЗОВО“ Од возилото не остана ништо, а за малку ќе изгореше и гаражата
Пожарот, освен тоа што целосно го пеплосал возилото, ја зафатил и гаражата каде што бил паркиран автомобилот, но за среќа во инцидентот нема повредени.
Во населбата Илиден, во три часот утринава било запалено возилото од марката „Рено Клио“ на командирот во Идризово, дознава Фактор.
Пожарот, освен тоа што целосно го пеплосал возилото, ја зафатил и гаражата каде што бил паркиран автомобилот, но за среќа во инцидентот нема повредени.
Од МВР го потврдуваат случајот.
„На 26.06.2023 во 03.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден биле опожарени гаража и патничко моторно возило ‘рено клио’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(50) од Скопје. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчитсување на случајот“, информираат оттаму.