СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА ПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО Возачот навреме го забележал пламенот, нема повредени

Автобусот е целосно изгорен, на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР. Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.

1,865

Меѓуградски автобус од компанијата „Галеб“ се запалил на патот кај охридското село Извор, објави Канал 5.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, за Канал 5 изјавил дека возачот на автобусот на „Галеб“ од Охрид навреме забележал дека автобусот почнува да гори и се спасил.






Автобусот е целосно изгорен, на лице место излегле противпожарни и екипи на МВР. Во меѓувреме патот Охрид- Кичево кај селото Извор е пуштен за редовен сообраќај.

Несреќата се случила нешто по 21 часот, кога од непознати причини автобусот се запалил, а сообраќајот беше во прекин.

Поврзани содржини