СЕ ЗАПАЛИ 35-КАТНИЦА ВО ДУБАИ Пламените јазици стигнаа до врвот на зградата (ВИДЕО)

Според АП, серијата пожари во високи згради во Дубаи во последните години ги вратила на маса грижите околу безбедноста на материјалите што се користат во изградбата и фасадата на зградите.

175

Пожар избувна рано утринава во 35-катница во Дубаи, недалеку од Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, јавува агенцијата АП. Засега не е познато дали има повредени во пожарот во станбената зграда, кој во меѓувреме е изгаснат.

На снимката која се споделува на Твитер е видливо како огновите брзо се прошириле по вертикалата на зградата.

 






Според АП, серијата пожари во високи згради во Дубаи во последните години ги вратила на маса грижите околу безбедноста на материјалите што се користат во изградбата и фасадата на зградите.

Поврзани содржини