СЕ ЗАОСТРУВА РЕГУЛАТИВАТА ЗА БРЗИТЕ КРЕДИТИ Целта е да се заштитат граѓаните

Министерката за финансии вели дека во изминатата година сериозно се работело на зајакнување на контролата врз овие друштва.

71

Министерството за финансии ќе ја заостри регулацијата на финансиските друштва во земјава, најави министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

-На пример, вие знаете, во една банка максималната изложеност на едно физичко лице може да биде до 55% од примањата. Кај овие финансиски друштва тоа е 70%. Тоа е утврдено со закон, меѓутоа во законот точно е наведено што значи лично примање, дека треба да се побараат податоци од кредитното биро и слично. Сега ги доуредуваме сите овие работи – рече  Димитриеска- Кочоска во емисија на ТВ21.






Таа нагласи дека во изминатата година сериозно се работело на зајакнување на контролата врз овие друштва.

-Две лиценци се одземени, четири прекршочни налози и глоби се констатирани. Имаме информации што се случува на терен. Сега се подготвува уште една прекршочна постапка за друштво со сериозни пропусти токму во делот на пресметките и начинот на калкулирање на трошоците, спротивно на законот – рече Димитриеска- Кочоска.

Според неа, целта не е директно затворање на ваквите компании, туку заштита на граѓаните.

– Некои друштва веќе вратија повеќе од тоа што законски требало. Сега тоа друштво ќе добие не само опомена, туку и конкретни инструкции што треба да направи. Многу внимание се посветува на ова и дефинитивно ќе се заостри рамката околу нив – рече Димитриеска- Кочоска.

 

 

Поврзани содржини