Се замрзнува можноста за промена на постојано живеалиште во Грција

Причина за одлуката е да се спречи масовно движење за Велигден.

663

Независната служба за јавни приходи на Грција го прекинува разгледувањето на електронски поднесените барања за промена на постојаното место на живеење од даночните обврзници, со цел да се спречи прекршување на мерките за забрана за движење и масовен излез на граѓаните од урбаните средини во пресрет на Велигден, објавија грчките медиуми.

Од забраната за движење во Грција што е во сила од 23 март 2020 година, исклучок е еднократно префрлање од моментното кон постојаното место на живеење, па така, некои од „досетливите“ Грци за да заминат во нивните села, во викендичките и далеку од урбаните средини за Велигден, започнале да поднесуваат барања за промена на постојаното место на живеење, јави дописничката на МИА од Атина.






За да се спречи ова, што веројатно би предизвикало и масовно кршење на превентивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, Независната служба за јавни приходи на Грција одлучи да ги замрзне сите барања за промена на адресата сѐ додека е во сила забраната за движење.

Поврзани содржини