СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ОДГОВОРНО ПРИРЕДУВАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА Видеолотарија доби сертификат од Европската и од светската асоцијација на лотарии
Како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа, настојуваме да влијаеме врз зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерно играње, велат од Видеолотарија.
Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и светската асоцијација на лотарии, се залага за одговорно приредување игри на среќа.
– Како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа, настојуваме да влијаеме врз зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерно играње – велат од Видеолотарија.
Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на играчите за опасностите кои ги предизвикува компулсивното играње.
– Во 2019 година формиравме СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана е и СОС линија со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица – велат од Видеолотарија.
Видеолотарија секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.
– Европската Асоцијација на лотарии донесе одлука нашата компанија да добие сертификат за одговорно приредување игри на среќа. Добиениот сертификат е потврда за нашата посветеност и заложби за одговорно играње и едукација на играчите во препознавањето на последиците од прекумерното играње игри на среќа. Сертификатот и официјално ќе го добиеме на свеченото доделување на конгресот на Европската асоцијација на лотарии кој ќе се одржува од 4 до 7 јуни 2023 година во Шибеник – додаваат од Видеолотарија.