СЕ ЗАКАНУВАЛ СО УБИСТВА И СО ЕКСПЛОЗИИ Тетовската полиција приведе 18-годишник

Осумнаесетгодишник е лишен од слобода откако испраќал заканувачки пораки за поставување бомби и извршување убиства во тетовско средно училиште.

1

Осумнаесетгодишник од тетовско е уапсен откако испраќал пораки со закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште во Тетово.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен од професори од Средното медицинско училиште СМУ „Никола Штејн“, кои добиле информации од родители дека ученикот М.Р. испраќал вознемирувачки пораки до други ученици.






Полицијата веднаш презела мерки и, по добиена судска наредба, извршила претрес во дом и помошни простории во селото Палатица.

При претресот биле пронајдени повеќе предмети кои, според првичните информации, можеби потекнуваат од кривично дело.

Момчето е приведено и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини