СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ТВРД ПРЕДМЕТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА 26-годишен тетовец приведен заедно со украдените пари

Разбојникот е задржан во полициската станица во Тетово, а ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

148

Полициски службеници вчера привеле тетовец поради извршување разбојништво во спортска обложувалница во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 13:40 часот го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец А.А., поради сомнение дека претходниот ден извршил разбојништво во спортска обложувалница на улица „Цветан Димов” во Тетово, во која ѝ се заканил на вработената со тврд предмет и одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, посочуваат од МВР.

Поврзани содржини