СЕ ЗАКАНУВАЛ ПРЕКУ СМС НА БИВШАТА ЖЕНА И НА ЌЕРКА ИМ Кривична пријава за радовишанец
З.С. на 7-ми ноември, преку СМС пораки ѝ упатил закани на неговата поранешна сопруга од Дебар и на нивната малолетна ќерка.
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Радовиш, кој упатувал закани кон неговата сопруга од Дебар и нивната ќерка.
– Кривичната пријава е поднесена против З.С. (45) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“ – информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Тој додава дека З.С. на 7-ми ноември, преку СМС пораки ѝ упатил закани на неговата поранешна сопруга од Дебар и на нивната малолетна ќерка.