Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА СО НОЖ ПО СООБРАЌАЈНА КАВГА Тројца пријавени по кавга во Тетово

Тројца мажи од Тетово и Порој се соочуваат со кривични пријави по жестока пресметка што започнала со сообраќајно несогласување, а завршила со закани со нож кон полицијата.

111

Обична сообраќајна недоразбирање завршила со сериозен инцидент и кривични пријави. Според информациите од СВР Тетово, против тројца мажи, двајца од селото Порој и еден од Тетово, е поднесена кривична пријава за насилство и загрозување на сигурноста.

Инцидентот се случил на 5 септември оваа година, кога, по вербална расправија во сообраќајот, двајца од осомничените, 33-годишниот Х.Б. и 44-годишниот М.Б., го оштетиле автомобилот на 36-годишниот А.С. од Тетово. Напнатата ситуација брзо прераснала во физичка пресметка.






Додека полицијата се обидувала да ја смири состојбата, А.С. извадил нож и почнал да им упатува закани на полициските службеници кои биле на терен и извршувале службени дејствија.

Случајот е целосно документиран, а против тројцата учесници се поднесени соодветни кривични пријави. Полицијата најави дека ќе продолжи со засилено присуство и контроли за спречување на вакви инциденти кои ја загрозуваат јавната безбедност.

Поврзани содржини