СЕ ЗАКАНУВАЛ НА МЕДИЦИНАРИ И КРШЕЛ ИНВЕНТАР Пациент од Велес правел хаос и се обидел да избега

Четириесетгодишен пациент од Велес направил инцидент во здравствена установа во Карпош, се заканувал на медицинскиот персонал и оштетил дел од инвентарот.

23

Четириесетгодишен маж од Велес предизвикал инцидент во здравствена установа во скопската општина Карпош, каде што агресивно се однесувал, се заканувал на медицинскиот персонал и оштетил дел од инвентарот.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил доцна вечерта на 9 март, околу 22:50 часот. Пациентот, идентификуван како Б.Ш. (40) од Велес, почнал да се однесува агресивно кон вработените во установата, по што почнал да крши дел од опремата.






Во еден момент се обидел и да побегне од установата, но набргу бил пронајден од полициски службеници и задржан.

Случајот бил пријавен во полицијата следниот ден, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Поврзани содржини