СЕ ЗАКАНУВАЛ И НАВРЕДУВАЛ НА ПОЛИТИЧКА ОСНОВА Тетовец притворен за објави на Фејсбук
Според обвинителството, објавата била на албански јазик и имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина, која кај оштетените предизвикала страв и вознемиреност.
Основното јавно обвинителство во Тетово отвори истрага против 49-годишен маж од Тетово, кој на 28 октомври на својот Фејсбук профил објавил видео и текст со јасни закани кон една жена, како и кон функционери и членови на политичка партија.
Според обвинителството, објавата била на албански јазик и имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина, која кај оштетените предизвикала страв и вознемиреност. Јавниот обвинител оценил дека постои висок ризик осомничениот повторно да се заканува и побарал мерка притвор.
Судот го прифатил предлогот и го определил притворот како превентивна мерка додека трае истрагата.
 
			