Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО ПИШТОЛ, ЈА НАПАДНАЛ И Ѝ ГО ЗЕЛ МОБИЛНИОТ Приведен 43-годишен скопјанец по напад врз поранешната партнерка

Напаѓачот ја следел жената во Карпош, ѝ се заканувал со оружје и физички ја нападнал.

1,536

43-годишен маж од Скопје бил приведен од полицијата по жесток напад врз неговата поранешна 27-годишна партнерка, што се случил вечерта на 9 јули на подрачјето на Карпош. Според информациите од МВР, напаѓачот ѝ се заканувал со пиштол и физички ја нападнал, одземајќи ѝ го мобилниот телефон.

Инцидентот бил пријавен истиот ден, а полицијата спровела потрага која резултирала со лишување од слобода на осомничениот со иницијали Ф.А., во раните утрински часови на 10 јули.






„На 10.07.2025 во 02:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А. (43) од Скопје, по претходна пријава за напад со огнено оружје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При апсењето, од Ф.А. биле одземени еден пиштол и повеќе куршуми. Полицијата најавува дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Поврзани содржини