СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ УБИВА ХРИСТИЈАНИ Полицијата во Босна и Херцеговина го уапси

При претресот на куќата на подрачјето на Зеничко-добојскиот кантон, која ја користи осомничениот, пронајдени се предмети кои ќе бидат предмет на криминалистичка обработка, соопшти босанската полиција.

252

Припадниците на Управата на полицијата на Федерацијата Босна и Херцеговина уапсија лице кое преку социјалната мрежа ТикТок, во пренос во живо, се закани дека ќе убива христијани.

Осомничениот е идентификуван од страна на припадниците на Одделението за борба против тероризам, а над него е извршена криминалистичка обработка.






„Во текот на претресот на куќата на подрачјето на Зеничко-добојскиот кантон, која ја користи осомничениот, пронајдени се предмети кои ќе бидат предмет на криминалистичка обработка“, соопшти полициската управа.

Се додава дека полицијата ги продолжува активностите во соработка со Обвинителството на БиХ со цел документирање на кривичното дело и утврдување на сите релевантни околности на случајот.

Од Управата нагласија дека продолжуваат со дејствување за откривање и процесуирање на сите облици на закани, говор на омраза и екстремизам, особено оние кои се шират преку социјалните мрежи.

Поврзани содржини