Се забрануваат сите летови со Велика Британија, карантин од 14 дена за сите што доаѓаат
Заев потенцираше дека веќе многу земји ги имаат превземено сличните одлуки кога станува збор за Велика Британија.
На денешната прес-конференција, премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање поврзано со појавувањето на новиот вид коронавирус во Велика Британија, рече дека се забрануваат сите летови кон оваа држава до крајот на годината.
– Утринава се одржа состанок на главниот кризен штаб и беше донесена одлука која веднаш ќе биде спроведена, а тоа е забрана на сите летови кон Британија до крајот на годината. Во исто време се задолжуваат институциите за влез на граѓани кои на било кој начин и пат влегуваат во земјата да им бидат задолжително определени карантини од 14 дена во домашни услови, затоа што тие може да пристигнат преку било која од соседните земји – рече премиерот.
Тој потенцираше дека веќе многу земји ги имаат превземено сличните одлуки кога станува збор за Велика Британија.