Сè за дигиталниот ковид пасош – како функционира и кој може да го користи?

Ваквиот документ е познат како „европски пасош за вакцинација“ и е признат од сите членки на Европската Унија, но и од други европски земји како Исланд, Норвешка и Швајцарија.

639

Од почетокот на јули годинава започна функционирањето на Дигиталниот ковид сертификат на Европската Унија (ЕУДЦЦ), кој им овозможува на граѓаните од Унијата слободно да се движат надвор од границите.

Ваквиот документ е познат како „европски пасош за вакцинација“ и е признат од сите членки на Европската Унија, но и од други европски земји како Исланд, Норвешка и Швајцарија.






– Нашата желба е да помогнеме на државите членки да си ја повратат слободата на движење – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кога ја донесоа одлуката за оваа мерка.

Како функционира Дигиталниот ковид сертификат?

Главни одредби кои се земени во предвид при одобрувањето на овој сертификат се:

– Достапен е за сите граѓани на ЕУ.

– Ја потврдува вакцинацијата, негативниот тест за ковид-19, или неодамна прележан ковид-19.

– Се добива во дигитална и хартиена форма, а двата формати содржат код кој ја гарантира нивната автентичност.

– Личните податоци на граѓаните се заштитени со тоа што во овој документ ги има само основните информации.

– Ќе биде издавано на два јазика, јазикот на државата која го издава и на англиски јазик.

– Дигиталниот ковид сертификат е бесплатен.

Европската Унија, засега ги има одобрено вакцините Фајзер-Бионтек, Модерна, Оксфорд/Астра Зенека и Џонсон&Џонсон, но не и руската Спутник и кинеските Синофарм и Синовак.

Индиската верзија на Оксфорд/АстраЗенека, не ги исполнува условите на ЕУДЦЦ, па затоа тоа може да претставува проблем за патниците од Азија и Африка.

Критики за „пасошот“

Некои тврдат дека ова е дискриминирачки кон одреден дел од граѓаните, на пример, младите лица кои не спаѓаат во приоритетна листа за вакцинација, па сепак ќе мораат да ги поминат строгите мерки како карантин и за нив овој пасош не важи.

Исто така, постојат сомнежи за тоа колку вакцините спречуваат вакцинираното лице да биде носител на вирусот.

СЗО соопшти дека работи на создавање сигурна меѓународна рамка за безбедноста на патувањето, а исто така и дека вакцините не треба да бидат услов. ЕУ вели дека вакцинираните и невакцинираните ќе имаат корист од ЕУДЦЦ, бидејќи тука се вбројуваат и оние кои имаат негативен ковид-19 тест или, пак, се опоравиле од болеста.

Што се однесува до заштитата на податоците, европските власти тврдат дека информациите ќе бидат ограничени, односно име, датум на раѓање, датум на издавање и релевантни податоци во врска со вакцината или тестот, а со тоа тврдат дека личните податоци се целосно заштитени.

Како тоа ќе влијае врз патниците?

Европската Унија прифаќа дека ова е сложен процес и затоа им ја има препуштено одговорноста за собирање на информации на одделни земји-членки.

Исто така, секоја земја-членка го утврдува начинот на кој ќе биде дозволен влез на патници од трети земји. На пример, Шпанија и Германија ги отворија границите за туристите кои можат да докажат дека добиле втора доза од вакцината, најмалку 14 дена пред пристигнувањето.

Портпаролот на Европската Унија изјави дека и покрај тоа што секоја земја има право да утврди како патниците можат да влезат на нивната територија, повеќето ќе чекаат воведување на дигиталните сертификати од трети земји.

Според ЕУ, сертификатите од земјите надвор од континентот можат во иднина да ги исполнуваат истите барања како и Дигиталниот сертификат. Се препорачува, луѓето кои патуваат да ги контактираат соодветните амбасади и конзулати пред поаѓање.

Поврзани содржини