Се враќаат жешките денови, од среда до 40 степени

Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-от степен. 

317

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ=8






Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 33 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-от степен.

Поврзани содржини