Се враќаат на работа родителите и дел од хронично болните

337

Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со цел граѓаните да се заштитат од пандемијата од Ковид-19.

Одлуката на Владата за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите, па по тој повод во неколку наврати родителите организираа и протести. Велат, дел од децата не се запишани во градинка, каде и нема слободни места, нема кој да ги чува и немаат доволно средства да платат негувателки.






Од Владата, пак, нагласуваат дека е обезбедена целосна грижа за децата во градинките, и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска синоќа повтори дека дека Владата останува на ставот дека родителите треба да се вратат на работа.

– Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели, до 23 септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме – изјави Шахпаска.

Поврзани содржини