Се враќаат на работа медицинските сестри кои беа ангажирани на определено време

Министерот за здравство вели дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, им се продолжуваат.

359

40-те медицински сестри на кои им истече договорот за работа во Здравствениот дом Скопје  од утре се враќаат на работа, најави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, им се продолжуваат.






„Тие и понатаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување на човечки животи!“, пишува министерот на Фејсбук.

Поврзани содржини