СЕ ВРАЌААТ БОЛЕСТИТЕ ПРЕД КОРОНАТА Сезонскиот грип ги полни амбулантите

Во амбулантите имаме пациенти со настинки и сезонски грип. Не доаѓаат со тешка клиничка слика, малку се тие кои касно побарале лекарска помош - вели др. Беким Зекири директор на болница за белодробни заболувања во Козле.

2,268

Во 2022 влегуваме со повеќе од 1.100 регистрирани случаи на грип. Оваа сезона бројките се за 3,6 пати повеќе од ланската и дури за 16 проценти зголемени во споредба со десетгодишниот период, објави Сител.

Од утре децата се враќаат во градинките а токму кај оваа популација според извештајот на ИЈЗ има највисока инциденца. 194 од регистрираните се кај најмалите од 0-4 години. Во детската болница во Козле велат дека помалку имаат позитивни на ковид а амбулантите се полни со пациенти со други респираторни вируси.






– Се враќаат болестите што беа и пред 2 години. Ковид имаме само 7 пациенти и тие се во добра состојба. Во амбулантите имаме пациенти со настинки и сезонски грип. Не доаѓаат со тешка клиничка слика, малку се тие кои касно побарале лекарска помош – вели др. Беким Зекири директор на болница за белодробни заболувања во Козле.

Поврзани содржини