СЕ ВРАЌА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА ОД ПЕКИНГ ДО ПЈОНГЈАНГ Кина и Северна Кореја ги затоплуваат односите

Првиот патнички воз ќе тргне во четврток на патување кое трае речиси 24 часа, соопшти кинеската државна железница.

61

Кина и Северна Кореја повторно воспоставуваат директна железничка линија меѓу своите главни градови по шестгодишен прекин, што укажува дека двете земји ги затоплуваат односите, јави ДПА.

Првиот патнички воз ќе тргне во четврток на патување кое трае речиси 24 часа, соопшти кинеската државна железница.Кинеската државна железница во соопштение информираше дека првиот патнички воз ќе тргне во четврток на патување кое трае речиси 24 часа.






Железничката врска меѓу Пекинг и Пјонгјанг беше прекината во 2020 година, кога Северна Кореја ги затвори своите граници поради пандемијата на Ковид 19.

Според „Чајна рејлвеј“, линијата ќе придонесе за унапредување на економската соработка и за културната размена меѓу двете земји. Возовите ќе сообраќаат 4 пати неделно во двата правци. Два вагона ќе бидат резервирани за странски патници.

Пред пандемијата, кинеските туристи беа најбројната група посетители во Северна Кореја. Кина, исто така, е еден од најважните економски партнери на земјата.

Северна Кореја и натаму е под опсежни санкции на Обединетите нации поради својата нуклеарна програма и сериозни прекршувања на човековите права.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот септември го посети Пекинг за воена парада на Народноослободителната армија на Кина, што беше едно од неговите ретки патувања во странство.

Поврзани содржини