СЕ ВРАЌА ТОПЛОТО ВРЕМЕ Температурата ќе се искачи до 34 степени, ќе расте и УВ индексот
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Денеска нѐ очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18, а максималната од 23 до 34. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.
За време на викендот (сабота и недела) ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.