СЕ ВРАЌА ЛЕТОТ СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА Шест нови линии од македонските аеродроми од пролет

Од 30 март 2025 два пати неделно „Флај Дубаи“ ќе лета од Скопје за Дубаи и назад. Од овој датум од Скопје ќе се лета за Барселона  три пати неделно. Од 30 јуни, три пати неделно ќе има и лет од Скопје до Лион и три пати неделно ќе се лета од Скопје за Штутгарт – информира Николоски.

2,617

Шест нови авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром кои ќе почнат да се реализираат од следната година, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Од овие авиолинии четири ќе реализира авиокомпанијата „Визер“ и по една „Флај Дубаи“ и „Туркиш ерлајнс“






– Од 30 март 2025 два пати неделно „Флај Дубаи“ ќе лета од Скопје за Дубаи и назад. Од овој датум од Скопје ќе се лета за Барселона  три пати неделно. Од 30 јуни, три пати неделно ќе има и лет од Скопје до Лион и три пати неделно ќе се лета од Скопје за Штутгарт – информира Николоски.

Тој рече дека од годинава новина е тоа што од јуни следната година „Туркиш ерлајнс“ редовно ќе лета од Охрид за Истанбул и за Базел Милхаус, а од овој аеродром два пати неделно ќе се лета и за Базел.

Николоски потсети дека е променет начинот на субвенционирање според кој се помагаат новоотворени линии и по дојден патник.

– 12 евра по дојден патник е субвенцијата од Охридскиот аеродром и 9 евра по дојден патник е субвенцијата од Скопскиот аеродром. За 3 години планираме да потрошиме  5 милиони евра за субвенционирање на авиолинии – рече Николоски.

Тој најави дека наредните недели ќе биде објавен и нов конкурс бидејќи голем број авиокомпании се заинтересирани за летови од двата аеродрома.

– Овие линии ќе донесат бројни туристи во Македонија и ќе го олеснат патување на нашите граѓани. Во 2025 година ќе имаме 200.000 нови патници од двата наши аеродрома – рече Николоски.

Поврзани содржини