СЕ ВРАЌА БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ. За ова ЈСП ќе добие 650.000 евра од градската каса

Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда.

1,669

Пензионерите во Скопје повторно ќе имаат бесплатен автобуски превоз во вторник, петок, сабота и недела. Оваа одлука треба да стапи на сила наредниот месец, а за таа цел од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“, пишува СДК.мк.

Поради пандемијата со вирусот ковид-19, бесплатниот автобуски превоз за пензионерите беше укинат лани во март.






Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз треба да се гласа на седницата на Советот на Град Скопје в среда. Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела недела како и до сега да продолжи да важи за редовни студенти на додипломски студии на државните универзитети.

Поврзани содржини