СЕ ВОСПОСТАВУВА ПАЗАР НА СТРУЈА ВО ТЕКОВНИОТ ДЕН Потпишан договор меѓу македонската и словенечката берза на струја

Договорот претставува важен чекор во развојот на македонската берза за електрична енергија и ја зајакнува нејзината техничка и институционална подготвеност за пазарна интеграција со Европската Унија.

374

Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот енергетски сектор и негова реална интеграција во европскиот пазар. Со вакви конкретни проекти ја градиме стабилноста, транспарентноста и конкурентноста на пазарот, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на официјалниот почеток на воспоставување пазар на струја во тековниот ден (Intraday Market)..

Целосната имплементација е планирана до крајот на вториот квартал од 2026 година. почеток на тргувањето на пазарот на струја во тековниот ден (Intraday Market).






Воведувањето на овој пазар започна со денешното потпишување на договор меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) и словенечката енергетска берза БСП кој го потпишаа првите луѓе на двете берзи Зоран Ѓорѓиевски и Анже Предовник.

Договорот претставува важен чекор во развојот на македонската берза за електрична енергија и ја зајакнува нејзината техничка и институционална подготвеност за пазарна интеграција со Европската Унија.

Со него се обезбедуваат трговски и клиринг платформи за пазарите на електрична енергија – ден-однапред и пазар во тековниот ден. Пазарот ден-однапред во земјава успешно функционира од мај 2023 година, а воспоставувањето на пазарот во тековниот ден претставува логично продолжување на процесот на пазарно заокружување и европска интеграција.

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, оцени дека Договорот претставува значаен чекор во јакнењето на организираниот пазар и неговата подготовка за идно поврзување со единствениот европски пазар, додека Анже Предовник ја нагласи важноста на партнерството и институционалната поддршка од Министерството како клучен фактор за успешна реализација на проектот.

 

Поврзани содржини