СЕ ВОЈУВАЛО И ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ Хамас истрелал ракети врз Израел, Русија со дронови гаѓала цели во Украина

Милитантната гурпа Хамас истрелала 20 ракети кон Тел Авив, додека Русија лансирала 90 дронови неколку часа пред Новата година.

380

Вооружениот огранок на исламистичкиот Хамас, Бригадите Касам, соопшти дека синоќа извршил ракетни напади врз поширокото подрачје на Тел Авив, додека израелските медиуми објавија дека повеќе од 20 ракети биле истрелани од Газа кон Израел.

Нападот е „реакција на ционистичките масакри на цивили“ во Појасот Газа, се вели во соопштението на Бригадите Касам. Тие објавија видео во кое соопштија дека користеле ракети М90, пренесе ДПА.






Повеќето од ракетите беа пресретнати од израелскиот противракетен одбранбен систем „Железна купола“. Според службите за итни случаи, првично нема жртви како резултат на гранатирањето.

Истовремено, воени дејства се одвивале и во Украина. Украинските воздухопловни сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала 90 дронови неколку часа пред Нова година. Во објава на Телеграм, се вели дека вкупно 87 дронови биле успешно соборени, а дека нападот бил извршен од четири правци.

Се тврди и дека Русија ја нападнала Украина со четири противвоздушни наведувани ракети С-300 во Харков.

 

Поврзани содржини