СЕ ВКЛУЧИ СИРЕНАТА ВО НАРОДНА БАНКА, ПОЛИЦИЈАТА ЈА ОПКОЛИ ЗГРАДАТА Лажен аларм предизвика паника во центарот на Скопје

Од МВР беше потврдено дека се работело за лажна тревога предизвикана од случајно активиран аларм, објави Република.

869

Утрово скопјани беа во паника откако голем број полициски комбиња се упатија кон градата на Народна банка.

Социјалните мрежи за кратко време се преплавија со шпекулации дека во моментот се случува за обид за грабеж. Меѓутоа, како што подоцна беше потврдено од МВР, се работело за лажна тревога предизвикана од случајно активиран аларм, објави Република.






„Утрово во СВР Скопје била добиена пријава дека е вклучен алармот во Народна банка. Веднаш потоа екипи на СВР Скопје излегле на местото и по извршени проверки било утврдено дека нема настан, односно дека алармот сам се вклучил“, велат од министерството.

И покрај брзата реакција на полицијата и соопштението дека нема опасност, кај граѓаните остана чувство на несигурност. Многумина од нив кои во тој момент се упатувале кон своите работни места се најдоа во вистински шок.

Поврзани содржини