СЕ ВКЛУЧИЈА МЕТЕОАЛАРМИТЕ ВО ХРВАТСКА И ВО СРБИЈА Термобарична долина од Италија ќе донесе град и можни поплави
Најинтензивен бран на врнежи се очекува во втората половина од саботата и ноќта помеѓу саботата и неделата, кога оската на долината ќе ја премине Хрватска. Во Србија невремето е најавено за сабота попладне.
Метеоролозите веќе со денови предвидуваат голема промена на времето во Италија, таканaречена „термобарична долина“ што ќе влијае на времето во цела Хрватска во текот на викендот. Се очекува температурите да паднат до 15 степени Целзиусови, а можни се и бури, ветрови со силен ветер, град и и молњи, објави хрватски Индекс.
„Ова е сериозна метеоролошка пресвртница, по која ништо нема да биде исто кога станува збор за летото“, пишува Истрамет.
Поради големата промена, Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, исто така, издаде вонредно соопштение.
Најинтензивен бран на врнежи се очекува во втората половина од саботата и ноќта помеѓу саботата и неделата, кога оската на долината ќе ја премине Хрватска. Во северниот Јадран, во Горска и особено во централна Хрватска, веројатни се значителни количини на дожд во краток временски период, што може да доведе до ненадејни поплави во градовите.
Ќе има и забележливо освежување. Почетокот на неделата носи нов бран на врнежи. Во втората половина од неделата времето ќе се смири, но само привремено, бидејќи во понеделник, 28 јули 2025 година, нова долина одеднаш ќе се продлабочи над Италија, поради што ќе се формира циклон на голема надморска височина, кој ќе се движи над Хрватска ноќта помеѓу понеделник и вторник, 29 јули 2025 година.
Времето во Хрватска ќе се смири во вторник вечер.
Во соседна Србија исто така се најавени големи бури. Граѓаните на јужна, центрлна и источна Србија добија предупредувања по СМС.
Според тамошниот Хидрометеоролошки завод, бурите се очекува да пристигнат во сабота попладне во централна Србија и Белград откако претходно топлиот бран ќе го достигне својот пик.
Грмотевиците потоа во текот на ноќта би се движеле кон Војводина, додека во недела се очекуваат лоши временски услови во речиси сите делови од земјата. Бурите би можеле да бидат многу интензивни, со силни ветрови и можен голем град, но и со кратко траење.
„Поради брзото формирање и движење на бурите, постои можност сите локации да немаат време за навремени СМС предупредувања. На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни, да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот и редовно да ги следат временските прогнози“, пишуваат српските медиуми.
На надлежните служби им се препорачува да бидат оперативно подготвени, особено поради зголемениот ризик од пожари и временски непогоди.
Во прогнозите во Македонија засега се најавува освежување, но од почетокот на следната недела, додека за викендот се најавени температури и до 45 степени.
Што е термобарична долина?
Термобарична долина е област со низок воздушен притисок во која температурните разлики во атмосферата се изразени. Ова доведува до прилив на топол и влажен воздух, што создава нестабилност во воздухот, па затоа врнежите, грмотевиците и локалните бури се чес