Британците Филип (78) и Патриша (88) се венчале по 46-годишна врска во болница во Ковентри на одделот каде Патриша во моментов се лекува од ковид-19 и е на кислород.
Според Гардијан, венчавката се случила откако вработената во болницата Јоана Шекспир на Твитер побарала помош за наоѓање матичар, а заедно со другите вработени во болницата присуствувала на церемонијата и била еден од сведоците заедно со нејзините колеги.
Еден од лекарите за Гардијан изјавил дека парот планирал да го каже судбоносното ,,да” по завршувањето на пандемијата, но ги смениле плановите поради влошувањето на здравјето на Патриша.