СЕ ВАКЦИНИРАЛА, А ПОТОА Ѝ ЗАЅВОНИЛ ТЕЛЕФОНОТ Добар ден, вие добивте милион долари (ВИДЕО)

Кампањата за поттикнување на вакцинацијата е заслужна за фактот дека 80 отсто од австралиските граѓани се вакцинирани со двете дози. Дел од кампањата беше и лотаријата, во која освен милион долари, секој ден се даваа и по 100 подарок картички во вредност од 1.000 долари. Вкупниот награден фонд изнесуваше 4,1 милиони долари.

2,168

Имено, Австралија со цел да ја поттикне имунизацијата организирала лотарија за сите кои се вакцинирани, а Џоан Жу имала среќа да освои награда во износ од речиси 650.000 евра, односно еден милион австралиски долари.

Право на учество на лотаријата имаа сите полнолетни вакцинирани граѓани, односно три милиони Австралијци. Парите за наградниот фонд ги обезбедија група филантропи и компании, а целта беше да се имунизираат што поголем број граѓани.






Кога била извлечена, Жу била на работа и не можела да одговори на првиот повик на организаторите.

– Им се јавив и ми рекоа дека имам освоено милион долари. Јас сум единствената во Австралија кој ја доби таа награда – возбудено им рече таа на новинарите од Скај њуз.

Парите ќе и обезбедат повторно да се види со семејството

Жу е по потекло од Кина, каде сè уште живеат нејзините најблиски луѓе. На нив ќе потроши дел од наградата.

– Сакам да го донесам семејство од Кина во прва класа и да ги сместам во хотел со пет ѕвезди за кинеската Нова година, доколку границите се отворени. Ќе им купам подароци, а останатите пари ќе ги вложам во бизнис, а дел ќе донирам на луѓе на кои им е потребна помош – изјави среќната добитничка.

Кампањата за поттикнување на вакцинацијата е заслужна за фактот дека 80 отсто од австралиските граѓани се вакцинирани со двете дози. Дел од кампањата беше и лотаријата, во која освен милион долари, секој ден се даваа и по 100 подарок картички во вредност од 1.000 долари. Вкупниот награден фонд изнесуваше 4,1 милиони долари.

Со цел да се зголеми имунизацијата, многу австралиски држави воведоа правила според кои вакцинацијата е задолжителна за одредени активности, влез во одредени установи и работни места.

Границите беа отворени минатата недела за прв пат од почетокот на пандемијата, но само за вакцинирани граѓани од земји со висока стапка на вакцинација.

 

Поврзани содржини