Се утврдуваат контактите на починатата жена од Куманово

Нема правило кога се појавува влошување на ситуацијата, посебно за ваква сериозна клиничка форма на атипична пневмонија, која е всушност типична за предизвикувачот - коронавирусот. Вчера разговаравме со колегите од кумановската болница. Според она што го кажаа сметам дека се е преземено - рече Филипче.

2,334

По смртта на 57-годишната кумановка, прва жртва од коронавирусотво нашата земја, лекарите интензивно утврдуваат со колку лица претходно била во контакт оваа жена, кај која дури по смрта беше потврден вирусот. Во медицинската документација било наведено дека таа починала од срцев удар. За овој случај и денеска има голем интерес во јавноста – дали се било преземено при нејзиното лекување во кумановската болница и дали инфарктот бил поврзан со актуелната инфекција со вирусот, беа едни од прашањата до министерот Филипче. .

– Нема правило кога се појавува влошување на ситуацијата, посебно за ваква сериозна клиничка форма на атипична пневмонија, која е всушност типична за предизвикувачот – коронавирусот. Вчера разговаравме со колегите од кумановската болница. Според она што го кажаа сметам дека се е преземено. Епидемиолозите и денеска  интензивно работат и веќе се идентификувани контакти и тој процес го продолжуваме денеска, а ако треба и утре. Ние разговаравме овие два дена за тетсовите и резултатите  со раководителката на лабораторијата која има повеќегодишно иксуство. Нема тест кој е 100 отсто сензитивен, веројатно тоа е причината што иако пациентката била два пати тестирана и двата теста биле негативни  – изјави министерот Филипче.






Тој појасни дека вирусот го има во секретите кај починатите, затоа телата се затворени херметички.

Заболен е и 33-годишниот син на оваа жена, кој бил префрлен од Клиниката за пулмологија на Инфективната клиника.

За втората жртва, мажот на 63 години од Дебар, кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород, Филипче појасни:

– Пациентот не дал податок – ниту тој, ниту семејството,  дека имал некое дополнително заболување. Пациентите кои што имаат претходна болест имаат повисок ризик, но има секакви сценарија. Ова значи дека поризична група се повозрасните или тие со коморбидитет, но тоа не е правило – рече Филипче.

 

Поврзани содржини