Се утврдува како ќе гласаат хронично болните, од избирачките одбори не одат во изолација по изборите

Ако секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности - на отворено, на затворено, апсолутно нема потреба од никаква изолација бидејќи таа заштита е сосема доволна - вели Филипче.

440

Во врска со тоа ќе има ли друг протокол за изборите, дали во седумдневна изолација по изборите ќе бидат членовите на избирачките одбори, како и за тоа како ќе гласаат хронично болните и лицата  кои се во изолација, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска  информираше:

– Има уште некои дилеми за тоа како ќе гласаат луѓето кои се на домашно лекување,  во самоизолација и луѓе со  хронични болести на кои треба да им се понуди да гласаат во домашни услови. Вчера разговарав со претседателот на ДИК, Деркоски, кој укажа дека протоколот од Комисијата за заразни болести и прашањата од ДИК, а Комисијата за заразни болести ги одговори, се сосема доволни.  Пристапот кон луѓето кои се во домашни услови е единствената работа на која треба дополнително да одговориме – изјави Филипче.






Тој беше дециден дека членовите на избирачките одбори по изборите ќе немаат потреба од изолација,  ако се почитуваат мерките.

– Ако секој се придружува до мерките, и тоа е концептот на протоколот, исто како што има протокол за сите други активности – на отворено, на затворено, апсолутно нема потреба од никаква изолација бидејќи таа заштита е сосема доволна. Тоа е заштитата и до која лекарите се придржуваат кога работат со заразени пациенти и не е нешто по што некој треба да биде во изолација – појасни Филипче.

 

Поврзани содржини